Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и олесни движењето на лицата со физичка попреченост до и во самиот објект.
Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.
Вредноста на лифтот е околу 57 илјади долари и е донација од Американската амбасада.