„Волво“ повлекува еден милион автомобили поради опасност од пожар – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 10:04 AM

„Волво“ повлекува еден милион автомобили поради опасност од пожар

Шведскиот производтел на автомобили „Волво“ од целиот свет повлекува повеќе од еден милион автомобили зашто некои делови од нивните мотори можеле да се растопат, објави во саботата портпаролот на компанијата.

Во најлош случај, проблемот би можел да предизвика пожар во моторот. Сепак, досега не бил регистриран таков случај.

Според шведската телевизија СВТ, проблемот се однесува на моделите со четирицелиндарски дизел-мотор произведени од 2014 до 2019 година. Се работи за моделите В40, В60, В70, В80, ХЦ60 и ХЦ90.

Тоа е втора лоша вест за „Волво“ кој сега е во конеска сопственост. Во четвртокот компанијата објави остар пад на профитот во второто тримесечие на 2019 година и покрај порастот на продажбата.