Јовески: Утврдено е дека парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата и од кои сметки – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 8:58 AM

Јовески: Утврдено е дека парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата и од кои сметки

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“ вели дека знаат како и од каде се даде 1,5 милиони евра во случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.

– Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет – вели Јовески.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.