Виетнамски медиуми: Телото на Хо Ши Мин и по половина век е одлично сочувано – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/19 7:25 AM

Виетнамски медиуми: Телото на Хо Ши Мин и по половина век е одлично сочувано

Телото на виетнамскиот комунистички револуционер Хо Ши Мин е во „сјајна состојба“ и 50 години по смртта, објавуваат виетнамски медиуми.

„Балсамираното тело на поранешниот претседател Хо Ши Мин е во сјајна состојба и одлично е соувано“, објави виетнамската агенција, цитирајќи го единаесетчлениот совет задолжен за заштита и сочувување на телото.

Хо Ши Мин почина на 2 септември 1969. Беше првиот виетнамски претседател по стекнувањето на независноста во 1954 година. Неговото тело е јавно изложено во мавзолеј во центарот на Ханој.

Виетнамската новинска агенција наведува и оти стручњаци од Русија, во која на московскиот Црвен плоштад во мавзолеј е изложен Ленин, престојувале во Виетнам во текот на минатиот месец за да помогнат во сочувувањето на телото на Хо Ши Мин.