Сојузната влада на Канада се согласи да плати речиси милјарда долари за да ги реши тужбите на припадниците на вооружените сили што тврдат дека во војската има сексуално насилство, јавува СНН.
Иако Владата одбива да признае одговорност, сепак се согласи на погодба. Се согласи да плати 900 милиони долари за тужбите на поранешни и сегашни вработени што го почувствувале сексуалното вознемирување и дискриминиција на полова основа, родов идентитет и сексуална ориентација.
Поединечните исплати ќе се движат од 5.000 до 55.000 долари, а во некои случаи и до 155.000 долари.
Сојузниот суд ќе мора да одржи рочиште во средината на септември за да одлучи дали спогодбата е прифатлива или не и ако е, да ја потврди.