Безбедносните камери по домовите на Грци снимија видеа, на кои се гледа како се тресат становите и куќите од силниот земјотрес што денеска ја зафати Атина и околината. Епицентарот на потресот од 5.1 степен бил северозападно од грчкиот главен град. Досега, нема извештаи за жртви или поголеми штети. Но, проблеми се појавија со снабдувањето со електрична енергија и телефонските врски.
Досега, Одделот за противпожарна заштита има добиено 76 повици за помош и повик за деблокирање на луѓето заглавени во лифотвите во прекинот на струја во регионот на Атика.