Рамуш Харадинај си поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/19 4:12 PM

Рамуш Харадинај си поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе денеска оставка на својата функција. На прес конференцијата во Приштина, тој потенцираше дека причината за неговата оставка е повикот од судот во Хаг, да се јави како осомничен. Тој негираше дека е формално обвинет туку повикот до него е да се пријави и да биде сослушан во својство на осомничен.

Според Харадинај сега треба косовскиот претседател да ги започне консултациите со парламентарните партии и да ги закаже новите избори.

“ На тие избори, ќе се кандидираме и јас и мојата партија, но не можев да ја водам земјата во оваа ситуација, затоа што тоа би ја отежнало позицијата на Косово” – изјави Харадинај.

Тој ја вршеше премиерската функција во Косово од Септември 2017-тата година додека во текот на судирите во поранешната српска покраина беше еден од лидерите на таканаречената ОВК.