Порталот Економски лидер, повикувајќи се на извори од Основното јавно обвинителство објави имиња на рекетираните и сумите кои наводно завршиле кај Јовановски. Во текстот стои дека постои интенција ОЈО да го прошири случајот за обвинителско-медиумски рекет, но од високи политички кругови овој процес се блокира, затоа што во него сигурно ќе настрада Јанева, но и најмалку двајца други високи функционери на владејачката СДСМ.
Неофицијално, како што објавува медиумот групата изрекетирала 500.000 евра од Ратко Димировски, сопственик на печатницата ЕВРОПА 92 и поранешен градоначалник на КОчани по што било издејствувано СЈО да му го врати пасошот и да го стопира прогонот во Случајот „Поштенска банка“
Бил изрекетиран и сопственикот на компанијата „НОЕЛ“ од Гевгелија, Томе Главчев, кој платил рекет вреден неверојатни 1 милион евра. Дејан Панделески, газдата на „Лозар Пелистерка“, кој исто како и Орце Камчев беше дел од случајот „Империја“ и исто како Камчев беше ослободен од притвор и му беше вратен пасошот, за оваа услуга од СЈО, според изворот од истрагата, платил 1,5 милиони евра.
Платиле и Владимир Тодоровиќ, но и Сиљан Мицевски, а жртва била и компанијата Трим и Лум од Струга, која наводно платила 800.000 евра.
Сите детали во текстот на Економски лидер овде.