Ангела Меркел: „Добро сум“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/19 3:07 PM

Ангела Меркел: „Добро сум“

Пред заминување на летен одмор, германската канцеларка Ангела Меркел одговори на прашање на новинарите во Берлин. Тоа е традиционална летна конференција за медиумите, обичај кој го воведе поранешниот канцелар Хелмут Кол.

Оваа година најдоминантна тема е „заштита на климата“. Прашана за став за протестите на учениците кои од петокот не одат на училиште со цел да протестираат за „заштита на климата“, канцеларката изјави: „На учениците можам да им кажам дека работиме со полна пареа“, додавајќи дека во септември мерењето за данок на CO2 ќе биде презентиран во јавноста во увид на нацртот на новиот закон. Во тоа допринела како што кажа и активистката, ученичката од Шведска, Грета Тунберг кој го сврте вниманието на јавноста за проблемите во однос на луѓето кон климата.

Што се однесува до „брегзит“, канцеларката изјавила дека не сака да се меша во одлуките на Британците и дека е убедена „дека Велика Британија ќе го најде својот пат“.

Некој од новинарите побарал од Меркел да ги искоментира последните вербални испади на претседателот на САД, Доналд Трамп на сметка на американските политичари од странство. Таа тоа јасно го осуди: „Одлучно се дистанцирам од тоа и чувствувам солидарност со три нападнати жени“.

Секако не можеше да се избегне прашањето за здравјето на канцеларката, но таа на прашањето одговори кратко со „Добро сум“.