Ги претекна и ММФ и СБ: Кина најголем кредитор во светот – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/19 11:21 AM

Ги претекна и ММФ и СБ: Кина најголем кредитор во светот

Кина стана најголем кредитор во светот, оставајќи ги зад себе и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, тврдат финансиски експерти.

Во периодот од 2000 до 2017 година обврските на странските должници кон Кина се зголемиле од 500 милијарди долари на повеќе од пет билиони.

Повеќето побарувања на меѓународните пазари на обврзници ги има Кинеската државна банка. Освен тоа, кинеската влада одобри и многу директни кредити, особено за земјите во развој.