Врховниот суд на Холандија ја потврди претходно донесената одлука дека таа држава е одговорна за смртта на 350 жители на Сребреница, Босна и Херцеговина, што во 1995 година биле избркани од базата на холандскиот баталјон од составот на силите на ОН.
Сребреничаните, за кои Холандија сноси одговорност, биле избркани од базата на 13 јули 1995, а потоа биле убиени. Војската на Република Српска во Сребреница влегла на 11 јули 1995 година, па многу луѓе побарале заштита од холандскиот баталјон, бидејќи Сребреница беше „заштитена зона“ на ОН, но повеќе од 8.000 луѓе настрадаа, пишуваат босански медиуми.
Со одлуката на холандскиот Врховен суд, Холандија и нејзиниот баталјон се ослободуваат од одговорност за страдањето на луѓето што не биле во базта на холандскиот баталјон стационирана во Поточари.
Според пресудата, Холандија е должна да им исплати отштета на семејствата на 350. жртви, но износот не е прецизиран.