Во мај биле издадени 222 одборенија за градба на објекти, на 61,3% од објектите инвеститори се физички лица а на 38,7% инвеститори се правни лица, односно фирми, пренесува анализата на Portalb.mk. Споредбената анализа во однос на истиот месец лани покажува дека расте бројот на инвеститори-физички лица а се намалува на фирмите кои инвестираат во градежништвото. Според податоците од Народната банка цените на становите се во пораст.
Мораториумите за градба ја “закочија“ изградбата на станови?
Во петтиот месец од годинава вкупната вредност на издадените одборенија за градба на територијата на целата држава изнесувала скоро 65 милиони евра што е за 12,9% во однос на мај 2017 година. Последните, најнови, податоци од Заводот за статистика покажуваат дека во структурата на објектите во градба доминираат високоградбите односно зградите.
Намена на одбренија за градба :
Високоградба 135 (60,8%)
Нискоградба 37 (16,7%)
Реконструкција 50 (22,5%)
Но споредбените податоци во однос на мај лани покажуваат дека се случува градежен “бум“ кај нискоградбата која опфаќа ниски градби, патишта, тунели, мостови додека се намалува вредноста на инвестициите во станбени згради. Дел од градежниците што ги консултиравме велат дека постојат повеќе причини за “застојот“ во изградбата на станбени комплекси.
“Ние сме сведоци дека имаме општини кои прогласија мораторим за градба и оваа состојба која веќе се прелеа и во оваа градежна сезона се одрази во бизнисот. Имаме и случаи на подолго трање на процедурите за издавање на градежните дозволи поради зголемена внимателност и на локално и на централно ниво“ – коментира менаџер од една од градежните компании која работи во Скопје.
Оваа состојба беше потврдена од Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија.
“Остануваме на ставот како здружение дека процесот е премногу инертен и нетранспарентен и дека ова води кон сѐ поголеми штети на градежните компании. Остануваме и на тоа дека треба да се гради плански, урбано, но сепак тоа е процес што почна во 2017 година, а не е завршен во 2019 година Доколку немаше мораториум, нашата прогноза беше дека цените на добрите станови секаде ќе се зголемат“ – изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението.
Во споредба со лани, вредноста на инвестициите во високоградба занчајно се намалени или во мај 2017 година вредноста на издадените одобренија за згради била 44,2 милиони евра а во мај годинава 32,4 милиони евра. Од друга страна расте вредноста на градежните работи во ниско градбата – во мај лани изнесувала 9,2 милиони евра а во истиот месец годинава 30,7 милиони евра што е зголемување за повеќе од три пати. Во општина Центар и во Карпош на сила е мораториум за градба а се најавува и во Охрид.
Каде и колку се гради – цените на становите во пораст …
Во мај на ниво на целата држава предвидено било да бидат изградени вкупно 463 станови, од нив најголем дел се трособни, двособни, четворособни и еднособни а во мај лани била предвидена изградба на 477 станови. Годинава, во Североисточниот регион кој ги опфаќа Кратово, Куманово, Крива Паланка, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане не било предвидено да се изгради ниту еден стан додека Скопскиот и Полошкиот регион предничат според бројот на новоизградени станови. По градови, на ниво на Скопје била предвидена изградба на 211 станови што речиси е половина од вкупниот број на планирани станови на ниво на целата земја а во Полошкиот регион, според Заводот за статистика, била предвидена изградба на 105 станови, најмногу 77 во Гостивар и 21 станбена единица во Тетово. Во Скопје и покрај мораториумот во две општини изградбата на згради во однос на другите региони предничи а интересно е дека концентрацијата е во само неколку општини.
Така, во Ѓорче Петров во мај се изградиле 128 станови, во Гази Баба 35 станови, во Аеродром 31, во Бутел 8 станови, во Илинден 5 станови, во Чучер 2 а во општините Кисела Вода и Сопиште само по еден стан. Во другите општини меѓу кои Карпош, Центар, Чаир не била предвидена градба на ниту еден стан .
Во Пелагонискиот регион, кој зафаќа поголеми општини како Битола и Прилеп, во мај била предвидена изградба на само 9 станови од кои 4 во Битола и 5 станови во Ресен. Во Охрид кој е дел од Југозападниот регион во петтиот месец од годинава, според официјалната статистика, била предвидена изградба на само еден стан. Во Источниот регион планирани биле 73 станови од кои 63 само во Кочани а во Вардарскиот регион биле предвидени само два станови – по еден во Неготино и во Свети Николе.
Цените на становите, според официјалните податоци од Народната банка во првиот квартал од годинава во споредба со претходното тромесечје се во пораст додека во однос на истиот период лани цените се намалени за 0,8%. Сепак, цените на становите во споредба со последниот квартал се во раст со стапка на промена од 1,9% што е и највисока стапка на раст измерена од почетокот на 2019 година.
Податоците покажуваат дека во мај на 136 објекти инвеститори се физички лица, додека лани во истиот месец овој број изнесувал 116 инвеститори-физички лица. Од друга страна има намалување на бројот на инвеститори-фирми, лани во мај бил 106 а годинава 86 инвеститори-деловни субјекти.
Преземено од: portalb.mk