Јарецот по име Рамос, стана вистинска сензација во Малезија откако неговиот сопственик објави фотографии од неговата хипстерска брада.
Сопственикот на Рамос, Ахмад Фадзир вели дека јарецот обожава камера и на секоја фотографија излегува како вистинска ѕвезда.
Штом неговите фотографии се споделија, дошле две новинарски екипи, да ја снимат големата ѕвезда.
Станува збор за вид кој потекнува од Швајцарија, а која се одгледува поради млеко.
„Имам 17 кози од овој вид, но Рамос се извојува поради косата и необичната брада и се смее кога го фотографирам“, раскажува сопственикот.
Фадриз е открил дека не сака да го продава јарецот, посебно не сега го станал ѕвезда.