Синдромот кој изминатиот период ги зафати корисниците на социјалните мрежи го носи името „FaceApp“. Голем број корисници па дури и оние познатите личности, по пат на апликацијата дознаваат како ќе изгледаат кога ќе остарат, но никој не е свесен дека токму ова има последици.
Американската адвокатка Елизабет Потс Вајнстин предупреди по пат на Твитер за условите кои корисниците ги прифаќаат за користење на аплиакцијата, во кои таа пронашла прилично забранети информации.
Сите кои при инсталирање на аплиакција ги прифаќаат условите, на FaceApp му даваат постојана неповрата бесплатна глобална дозвола за употреба, репродукција, модификација, адаптација, објавуавње, преведување и создавање на други дела, на основа на содржината од вашиот уред.
If you use #FaceApp you are giving them a license to use your photos, your name, your username, and your likeness for any purpose including commercial purposes (like on a billboard or internet ad) — see their Terms: https://t.co/e0sTgzowoN pic.twitter.com/XzYxRdXZ9q
— Elizabeth Potts Weinstein (@ElizabethPW) July 17, 2019