Најмалку 30 луѓе изгореа во пожар во филмско студио во Јапонија. Јапонските власти стравуваат дека бројот на загинати во пожарот во филмско студио во градот Кјото би можело да надмине 30.
Досега е потврдена смртта на 20 лица, но неофицијални болнички извори откриле дека уште десетмина повредени не покоажувале знаци на живот.
Полицијата смета дека пожарот е подметнат и засега имаат приведено еден осомничен за кој имаат сознанија дека студиото го полеал со бензин и го запалил.