Одлуката на Вашингтон да ја исклучи Турција од програмата за борбениот авион „Ф-35“ е спротивна на духот на сојузништвото, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи и ги повика САД да ја поништат.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Турција е исфрлена од оваа програма бидејќи го купи рускиот противвоздушен систем „С-400“. САД тврдат дека „С-400“ би можел да ја компромитира програмата „Ф-35“ и да им помогне на руските разузнавачки служби.
МНР на Турција смета дека таквата одлука на САД за исфрлање на Турција од програмата нема легитимно оправдување, пренесува АП. Во текстот е упатен и повик до САД да ја поништат грешката која, како што се наведува, ќе им нанела непоправлива штета на стратегиските врски на двете земји.