Обилни врнежи на југот на Азија, загинаа повеќе од 200 луѓе, а милиони се раселени – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/19 9:25 AM

Обилни врнежи на југот на Азија, загинаа повеќе од 200 луѓе, а милиони се раселени

Повеќе од 200 луѓе смртно настрадаа, а милиони се раселени поради големите поплави и паѓањето станбени објекти предизвикани од монсунските дождови на југот на Азија.

Зафатени се седум индиски сојузни држави, пренесуваат агенциите. Настрада и Непал, каде што животот го згубија 83 луѓе, додека по 35 уште се трага. Најмалку 30 луѓе поплавите загинале и во Бангладеш, како и четириеесетина во Пакистан.