Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпишат договори за проекти во општините финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.
Договорите ќе ги потпишат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и градоначалници на општините чии проекти се одобрени, а се однесуваат на развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.
МИА