Очекуваната владина „метла“ зафати по еден член на Управните или надзорните одбори на државните институции, додека за остнатите, како ЕЛЕМ и МЕПСО е дадена препорака до управите за смена на директорите. Списокот со членовите на управите содржи триесет имиња, кои се разрешуваат и на нивно место треба да биде поставени нови.
Во листа за разрешувања на членови на Управни и на Надзорни одбори, за кои Владата дава препораки се наоѓаат 23 директори, меѓу кои и тие на ЕЛЕМ, МЕПСО, Македонија пат, УБК, Драмскиот театар, но и директори кои веќе без или разрешени или дадоа оставка како Ваљон Бела, економски директор на ГАК и Катерина Ставриќ од Детската клиника. Оваа листа е подолга и содржи препораки до управите или надлежните министерства да се именуваат нови директори, заменици и членови на управите.
На оваа седница Владата донесе одлуки и за препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови, па така на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за Член на УО, кој ја извршува функцијата Генерален директор.
Владата на Република Северна Македонија му препорачува на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста Прв извршен член на Одборот на директори и Генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.
За член на Инспекцискиот Совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.