Црна Гора: Во текот на 2019 година презимето го промениле 124 мажи – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 2:49 PM

Црна Гора: Во текот на 2019 година презимето го промениле 124 мажи

Промената на своето презиме од страна на мажите во Црна Гора повеќе не претставува табу тема. Во прилог на ова и податоците од Министерството за вантрешни работи на Црна Гора доставени до „Дневне новине“, дека од почетокот на 2019 година во Црна Гора презимето го промениле 124 личности од машкиот пол.

Како што напоменуваат од Министерството за внатрешни работи, во таа бројка спаѓаат и лицата кои го преземале презимето на сопругот или на своето го додале презимето на сопругот.

Интересно е што бројот на мажите кои го менуваат презимето од година во година расте.

Во 2016 година имало 238 мажи кои се одлучиле на овој чекор, во 2017 година 301, а минатата година дури 365 личности од машкиот пол.

Во Секретаријатот за локална самоуправа во Подгорица за „Дневне новине“, наведува дека приликата  склопување брак на територија на градот во последните четири години 35 младоженци го земале презимето на младите.

Од почетокот на оваа година склучувањето на бракови е 268, а сопругот да го преземе презимето на сопругата се случило во два случаи.

Во текот на изминатата година тоа го направиле 14 младоженци, 2017 година 13, а во 2016 имало шестмина.

Психологот Радмила Ступар Ѓуричиќ објаснува дека во Црна Гора преземањето на презиме е семеен идентитет кој од секогаш бил условен како културолошки.

Меѓутоа, таа вели дека овие податоци говорат дека полека доаѓа до одвојување на впечатокот на социјална срењдиа и младите донесуваат сами одлуки како ќе се викаат и презиваат.

„Презимето носи одговорност кон семејството кое го застапува. Презимето носи и слобода и терет. За жал, сите семејства не се срреќни и не се сите деца одгледани со љубов. Не сите деца гордо го носат своето презиме и тоа е нешто што полека почнува да излегува на виделина“, вели присхологот Ступар Ѓуричиќ.

Таа наведува дека постојат семејства на кои им е многу важно презимето да им продолжи.

„Се случува да сте маж од семејство кое има три, четири синови, а ќерката да е една и единствена и потоа тие со договор одлучуваат мажот да го преземе презимето на сопругата за да нејзините деца го продолжат презимето“, објаснува психологот.

Во последните четири години биле потпишани вкупно 2.269 брака во главниот град, машкото презиме го преземале дури 1.903 жени, односно 83,87 отсто.

Од нив 234 или 10,31 отсто своето презиме го додале на она од сопругот, а се на се 97 брака или 4,28 отсто секој го задржал своето презиме при склопувањето на бракот.