Утрово италијанските медиуми пренесуваат помалку сензационална вест која вели дека актуелниот ноител Златната топка, Лука Модриќ е цел на Милан, а претставниц на клуб веќе се сретнале со неговиот агент на разговор околу можноста за трансфер.
Вест ја лансираше Џанлука ди Марцио, еминентниот новинар на „Скај Спорт“ кој тврди дека Милан започнал преговори за трансфер на Лука Модриќ.
Вчера во канцелариите на Милан пристигна агентот Владо Лемиќ, кој е менаџер на Лука Модриќ и двете страни разговарале за можен трансфер на Хрватот на „Сан Сиро“. Хрватот имаше пад на формата, а Зидан инсистира да го донесе Погба ова лето, кој би требало да биде замена за Хрватот.
Модриќ наскоро ќе наполни 34 години и има уште една година од договорот, па „кралевите“ се спремен да го пушти ова лето доколку најде адекватна замена.
Од друга страна, директорот на „росонерите“м Звонимир Бобан е близок пријател со Модриќ и имал неколку разговори со фудбалерот.
Извор: sportclub.mk