Изгоре семејна куќа во тетовски Челопек, избегната поголема трагедија – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 2:14 PM

Изгоре семејна куќа во тетовски Челопек, избегната поголема трагедија

Претпладнево околу 11 часот тетовските пожанираки добиле повик дека гори куќа во тетовски Челопек. Интервенирали со 3 возила и 7 пожарникари.

-Ние веднаш тргнавме и целосно го локализиравме пожарот за околу 2 часа. Интервениравме со три противпожарни возила. Со нашата интервенција успеавме да спречиме пожарот да не се прошири во соседните објекти, кои беа залепени до сега веќе опожарената куќа. За среќа никој не е повреден , но причинета е значителна материјална штета. Изгорен е целосно покривот, покуќнината и практично е целсоно изгорен овој објект, рече командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити.

Се рабори за семејна куќа на површина од околу 50 метри квадратни.

Зоран Димовски