Во близина на јужното крајбрежје на Австралија, по цели 50 години пронајдена е порака во шише.
Рибарот Пол Елиот раскажал дека за време на рибарењето со неговиот син на полуостровот Ејр, на југот од Австралија, пронашол порака во шише. Тој раскажува дека пораката е од 17 –ти ноември, 1969 година, и дека ја напишал 13 годишниот британец, Пол Гилмор.
Во пораката пишува дека тој со брод патувал од југ кон запад во Австралија. Елиот изразил желба да го запознае авторот на пораката стара 50 години.
Најстарата порака во шише во светот пронајдена е во песок.