Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро дигестивно здравје и кардиоваскуларен систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаление.
Ова вкусно бобичесто овошје има силни антиоксидантни својства. Тоа значи дека ги намалува ефектите на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојка, грлото на матката, хранопроводникот и простатата.
Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на рак, така што ги потикнува на апоптоза, односно самоуништување.
Двесте грама од ова овошје содржи препорачаната количина на витамин Ц. Богати се со влакна, фолна киселина, витамин К, E5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.
Оние, чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се одговорни за контрола на гликозата во крвта. Тие го потикнуваат метаболизмот на масти и ги намалуваат масните наслаги.
Внесувањето малини го активира хормонот адипонектин, од чиј недостаток страдаат луѓе од дијабетес тип 2. Адипонектинот ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои го следат дијабетес тип 2.
Предноста на исхраната со малини е тоа што кожата ја прави поотпорна на штетните зраци на сонцето. За таа цел корисно е и маслото од малини кое одлично ја штити кожата, затоа што содржи високо ниво на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин E. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е помеѓу 30 и 50.
Освен за заштита од сонце, маслото од малини е добро и за нега на кожата. Особено за намалување на брчки, стрии, егзема, дерматитис и воопшто сите воспалителни состојби на кожата.
Не е лековит само плодот, туку и листот од малина. Чај од листот од оваа билка помага кај менструални грчеви, тешки крварења и вагинален исцедок. Се применува по породувањето, го забрзува закрепнувањето на матката и го стимулира производството на млеко. Овој чај може да се користи и за зајакнување на непцата, дезинфекција на крајниците, спречување на дијареа и заболувања на очите. Подготовка на чај: лажица лист од малина прелијте го со топла вода. Процедете по 10 минути и испијте го топол, две до три чаши на ден.
Извор: denar.mk