Од почетокот на наредната година ќе започне да се гради пречистителна станица за отпадните води за Тетово. Објектот ќе се гради во близина на тетовско Фалише на локација на поранешна дива депонија.
Моментално механизација ја расчистува дивата депонија кај тетовско Фалише, каде треба да се гради пречистителната станица.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи рече дека планирано е до декември да се расчисти депонијата и од наредната година, станицата да почне да се гради. Се очекува целосната реализација на овој проект да заврши до 2022 година.
Зоран Димовски