По гоишниот одмор, работниците на фабриката за автомобили во Крагуевац ќе почнат со производство на новиот „фиат 500“ на електричен погон.
Од Торино на раководството на фабриката во Крагуевц му напоменале дека кон крајот на оваа година ќе почне сериското производство на тој модел, во чија изработка ќе учествува Србија и оти повторно ќе се работи во три смени, пишува „Србија данас“.
Пјетро Горлие, оперативен директор на групацијата „Фиат Крајслер автомобили“ за Европа, Блискиот Исток и за Африка изјави дека оваа компанија ќе инвестира вкупно 700 милиони евра во изградба на производтствена линија за новата електрична верзија на моделот 500.
„Фиат 500“ ќе се прави на потполно нова платформа поради што во моментот се подготвува фиатовата фабрика „Мирафиори“ и заради што 3.000 работници се на принуден одмор до крајот на годинава. Актуелниот „500е“ се произведува во Мексико и прави големи загуби.