Ќе се породиме додека Фондот да ни ги врати парите за лекот реагираат трудници од Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 11:27 AM

Ќе се породиме додека Фондот да ни ги врати парите за лекот реагираат трудници од Скопје

Трудници од Скопје реагираат дека доцни исплатата на парите од Фондот за здравствено осигурување за лекот клексан (clexanе), којшто редовно мора да го земаат по препорака на трансфузиолог. Зависно од препишаната доза, една или повеќе ампули на ден, месечно за овој лек пациентките треба да одделат од 7.000 до 15.000 денари и повеќе. Од Фондот тврдат дека застој во исплатата може да се случи само во оние предмети каде недостига документација.

Трошиме и по 15.000 денари месечно, барем навреме да ни ги враќаат!

Скопјанката Д. С раскажува дека поради ризична бременост и по препорака на трансфузиолог мора да прима клексан, и тоа по два на ден, еве веќе четврти месец./ПлусИнфо