Пронајдена порака во шише по половина век – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 11:11 AM

Пронајдена порака во шише по половина век

Рибарот Пол Елиот, кој во близина на јужниот брег на Австралија ја пронајде пораката во шише по 50 години откако е напишана, вели дека трага по авторот на пораката.

Елиот изјави за австралиски државен медиум дека, додека рибареле, тој и неговиот син Џијах го пронашле шишето на западниот брег на полуостровотн Ејра во Јужна Австралија.

Додаде и дека трага по авторот на пораката Пол Гибсон, кој себеси во пораката се опишал како тринаесетгодишно англиско момче што патува на крузер долж јужниот брег на Австралија – од Фриментл на западот кон Мелбурн на истокот.