Затворот во Идризово ќе почека судијата да провери дали Кочан навистина е болен – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 10:30 AM

Затворот во Идризово ќе почека судијата да провери дали Кочан навистина е болен

Затворот во Идризово го чека осудениот бизнисмен Сеад Кочан, а тој пак, ја чека одлуката на Основниот кривичен суд за молбата која ја поднесе во понеделникот и со која бара одложување на издржување на затворската казна. Според упатниот акт, осудениот Кочан требаше денес да оди во затвор и да почне да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.