Намалено нивото на Дојранското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 10:20 AM

Намалено нивото на Дојранското Езеро

Водостојот на Дојранското Езеро е за два сантиметри понизок во однос на вчера, но сепак е за речиси три метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Охридското Езеро, пак, е за еден сантиметар повисоко од вчера, но е за шест сантиметри пониско од просекот за јули, додека водостојот на Преспанското Езеро е ист како вчера и е за половина метар понизок од просечниот.

Нивоата на реките се во рамки на повеќегодишниот просек за јули и немаат некои особени промени во споредба со вчера.