Британските медиуми пренесуваат дека Интер ќе испрати нова понуда до Манчестер Јунајтед за услугите на Ромелу Лукаку која ќе изнесува 60 милиони фунти плус бонуси.
„Црвените ѓаволи“ досега ги одбиваа сите понуди од „нераѕурите“, барајќи од 75 до 80 милиони. Па најновата понуда е чини ќе биде соломонско решени со тоа што 60 милиони би биле платени веднаш, а дополнително од бонуси.
Дека намерата на Белгиецот е јасна да си замне од „Олд Трафорд“ говори и фактот што преку својот агент дал индикации дека е спремен да добива далеку помала плата од сегашната која ја има во Јунајтед, што треба да биде прв чекор кон реализација на трансферот.
Интер не го крие интересот кон Лукаку, кој е приоритет на Антонио Конте и веќе ги започна преговорите со Манчестер Јунајтед.
Извор: sportclub.mk