Зошто калиумот е важен за нас и која храна е најбогата со овој минерал? – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/19 2:51 PM

Зошто калиумот е важен за нас и која храна е најбогата со овој минерал?

Калиумот е важен минерал кој во телото функционира како електролит и помага во регулација на течноста во телото, учествува во пренесување на нервните сигнали и регулација на мускулните контракции. Истражувањата покажале дека храната богата со калиум а сиромашна со натриум го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Дневната препорака на внесот на калиум за возрасни е 3400 mg за мажи и 2600 mg за жени.

Еден од најдобрите извори на калиум се бананите (една средна банана содржи околу 422 mg), суво овошје (суви кајсии – 380 mg на 30 грама, суви сливи и суво грозје – околу 220 mg на 30 грама), авокадо, домат (еден среден содржи околу 290 мг калиум), компир и сладок компир, зелен лиснат зеленчук, мешунки како што се леќа и грав, млеко и јогурт (чаша млеко содржи околу 350 мг а јогурт скоро 600 мг), како и морска риба (на пр. 100 грама скуша има 400 мг калиум).

Извор: denar.mk