На попладневната прес конференција, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски објасни зошто нема да дојде на лидерската средба на која повика Зоран Заев во петок, а побара и притвор за специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.
-Катица Јанева се’ уште е на чело на ова слабо и корумпирано обвнитество. Постои можност за бегство и за влијание на сведоци, рече Мицкоски.
За јавниот повик на Заев за лидерска средба, Мицкоски врати:
Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба, на која ќе се разговора за се’ само не затоа што и’ е потребно на Македонија – датум за членство во ЕУ. Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови, рече Мицкоски.
Според него работни групи составени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ интензивно работат на Законот за јавно обвинителство, иако има дијаметрално спротивни разлики. Јанева беше една од разликите, кажа и предупреди:
-Одбројани се деновите на оваа власт, нека внимава што прави, предупреди лидерот на ВМРО ДПМНЕ.