Триесет и осум годишен кавадарчанец нападнат во својот дом – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/19 11:48 AM

Триесет и осум годишен кавадарчанец нападнат во својот дом

Убодна рана добил триесет и осум годишен кавадарчанец откако бил нападнат во својот дом од дваесет годишен свој сограѓанин. Како што информираат од полицијата, помеѓу двајцата прво имало вербална расправија, а потоа помладиот кавадарчанец му нанел убодна рана на постариот.

„На 15.07.2019 во 16.50 часот во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци.“информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. И.А. бил задржан во Полициската станица Кавадарци и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ангел Данов