Чавушоглу: Секогаш ја поддржуваме Македонија, очекуваме конкретни чекори за ФЕТО – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/19 10:53 AM

Чавушоглу: Секогаш ја поддржуваме Македонија, очекуваме конкретни чекори за ФЕТО

Во МНР во тек е средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Според официјалната најава, на средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес.

Чавушоглу неколку часа пред пристигнувањето во Скопје на неговиот твитер профил напиша дека од секогаш ја поддржувале Македонија и ќе продолжат да го прават тоа, но очекуваат конкретни чекори во однос на ФЕТО и оти тоа е важно за Анкара, но исто така и за иднината на Скопје.

Димитров и Чавушоглу претпладнево во МНР официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА. Двајцата министри ќе имаат и заедничка прес-конференција.

Министерот Чавушоглу треба да се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

МИА