Панел за перспективите на романското и почетокот на финското претседателсво со ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/19 7:08 AM

Панел за перспективите на романското и почетокот на финското претседателсво со ЕУ

 Панел на тема „Националните перспективи на крајот на романското и во очекување на финското претседателство со Советот на ЕУ” ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи.

Настанот е организиран од Амбасадата на Романија во Скопје, Амбасадата на Финска во Белград и Институт за демократија „Социетас цивилис”.

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од романското и приоритетите на финското претседателство со Советот, како и европската интеграција на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан.

Поздравни обраќања пред гостите ќе имаат шефот на дипломатијата Никола Димитров и претседателот на „Социетас цивилис”, Марко Трошановски, а во дискусијата ќе учествуваат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, романскиот амбасадор Виорел Станила, финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта, директорката при Директоратот на ЕУ при МНР, Бети Јачева, и раководителот на Центарот за евроинтеграции при ИДСЦС, Зоран Нечев.

МИА