Одземен телефонот на Катица,полицијата во домот на Боки – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/19 9:06 PM

Одземен телефонот на Катица,полицијата во домот на Боки

Полициски службеници вечерва по наредба на Јавното обвинителство влегоа во 1 телевизија и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, потврдуваат од ОЈО за ТВ21.

Од ОЈО издале наредба за претрес на канцеларијата и домот на Јовановски по денешното приведување. Бојан Јовановски – алијас Боки 13 е во Кривичниот суд, каде е изведен пред судија на предистражна постапка. Обвинителството за него, како и за бизнисменот Зоран Милевски бара притвор.

Во меѓувреме,  полиција по налог и’ го одзела мобилниот телефон на специјалната јавна обвнителка Катица Јанева.

Откако обвинителите на денешната прес конференција објавија дека во рекетарско – изнудувачката групе вмешан и обвинител, медиумите, иако објавија за наводна поврзаност помеѓу Катица Јанева и  Јовановски и Милевски, но за тоа засега нема никаква потврда освен медиумски пишувања.