Оле Гунар Солскјер полека ги отвара картите и преку медиумите прави јасен притисок врз управата да даде пари за нови засилувања.
Шефот на „црвените ѓаволи“ признава дека им е потребен универзален играч од типот на Брајан Робсон, или Капетан Марвел како што го нарекуваа во минатото.
Откако замина Андер Ерера во ПСЖ и со неизвесната иднина на Погба во Манчестер, клубот мора да најде соодветно решение.
Се верува дека се блиску до договор со Бруно Фернандеш од Спортинг, но нема уште никаква официјална информација за тоа.
„Да се биде тренер на о вој клуб е фантастично, ја немав честа во минатото да играм со Брајан Робсон, но на Манчестер Јунајтед му треба играч како него“.
„Имаме млади играчи кои очекуваме да се пробив аат во првиот тим, па сигурен сум дека ќе го видиме најдоброто од нив во иднина. Ни требаат лидери во средината, тоа е сигурно. На пат сме да изградиме нов тим“, порача Солскјер.
Извор: sportclub.mk