Нефи Усеини не е градоначалник како неговите сопартијци од ДУИ – Рамиз Мерко во Струга или Блерим Беџети во Сарај, туку е само еден од вкупно 23 члена на Советот на Охрид. Сепак, неговиот глас е одлучувачки во Советот, каде што СДСМ има 11, а ВМРО-ДПМНЕ само еден советник помалку. Тоа, можеби, е една од причините што му овозможија на Усеини да се промовира како уште еден локален моќник од редовите на владејачката партија на Албанците, чии функционери деновиве постапуваат спротивно на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион, пишува Независен весник.
-Последниот 23. советник во Охрид е од редовите на опозициската Беса. Тоа е Џемаил Мена, кој минатиот месец пријави в полиција дека физички бил нападнат од Усеини во просториите на Општина Охрид. Еден месец претходно, во периодот меѓу двата круга од претседателските избори, советникот на ДУИ предизвика исто така инцидент, кога вербално нападна обвинител и инспектор од Управата за културно наследство, кои дошле да извршат надзор над дивоградбата кај чинарот, за чија изградба Исеини како инвеститор немал потребни дозволи. Минатата седмица, дивоградбата на Исеини, за која пред неколку месеци беше издадено и решение за уривање, стана пицерија, која свечено ја пушти во употреба струшкиот градоначалник Мерко. Тој, пак, пред извесно време беше исто така на удар на јавноста поради масовното палење на трската на струшкото крајбрежје и спротивставувањето на Владата во однос на предлогот таа да го преземе управувањето со плажите од локалната самоуправа. Во тоа време, паралелно се развиваше и случајот со платформите што без дозвола се поставуваа во заштитеното подрачје на кањонот Матка, додека градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, тврдеше дека градот Скопје сака да ѝ ги одземе ингеренциите на Општината.
Последниот случај со дивоградбата на Усеини е специфичен поради тоа што свеченото отворање на пицеријата се случи во време кога Охрид за малку избегна да се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО. Дивоградбата кај чинарот, пак, е една од списокот на оние за кои УНЕСКО бара уривање, за што од Владата најавија дека тие ќе постапат согласно со препораките, доколку тоа не го направи локалната самоуправа.
Повеќе на Независен весник на овој линк