Новиот член на Барселона, Антоан Гриземан денеска се сретна со своите соиграчи во каталонскиот тим – објави шпанскиот шампион на клупскиот официјален Инстаграм. Претходно, Каталонците објавија фотографија со Гризман кој беше на медицински прегледи во базата на клубот.
Тој се пресели во Барселона од Атлетико во текот на летото за 120 милиони евра. Французинот играше за мадридскиот тим од 2014 година, постигна 133 гола и 50 асистенции на 257 средби.