Ел Чека најавува протест во Скопје: Ги кани и Села и Касами – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/19 2:33 PM

Ел Чека најавува протест во Скопје: Ги кани и Села и Касами

Кичевецот Шекерин Ахмети, кој го користи псевдонимот Ел Чека најави дека на 26-ти месецов ќе се одржи протест пред Владата и Собранието. Тој бара да се придружат и лидерите на партиите Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами да се придружат на протестот најавен за 26 – ти јули со почеток во 14 часот.

Еден од неговите поддржувачи, Имер Арифи посочува дека „ред е на партиите да го поддржат народот“.

Ел Чека и’ стана познат на јавноста  откако на социјалната мрежа Фејсбук почна да објавува таканаречени бомби, поврзани со случајот „Диво насеље“, за кој бара меѓународна истрага. За него е покренато и обвинение за неовластено прислушување и тонско снимање.