Потпишан договор за заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/19 3:28 PM

Потпишан договор за заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево

Со денешното потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија за заедничка контрола за меѓународен патен сообраќај на граничниот премин Табановце-Прешево, патниците и превозниците од 1 август ќе имаат полесен и побрз проток од едната во другата држава, со само едно запирање и една зедничка контрола.

Договорот во името на двете влади во Белград го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

– Оne stop control е новост, има историско заначење и голема важност за Република Северна Македонија бидејќи првпат се потпишува ваков договор со државите од соседството, изјави министерот Спасовски по потпишувањето на Договорот.

Важноста на овој договор е голема бидејќи, како што рече, ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки меѓу Северна Македонија и Србија на оваа граница. Ова ќе помогне и на граѓаните и на стопанството, што е важно за да имаме подобар животен стандард и во двете држави.

Срспкиот министер Стефановиќ изјави дека со договорот за Оne stop control на поинаков начин ќе се регулира ГП Прешево-Табановце.

– Овој премин ќе овозможи преку поинаквата регулација да имаме побрз проток на луѓе, патници и стоки, сето она што овозможува граѓаните на нашите две земји, но и оние кои транзитираат, полесно, поефикасно, побргу и поекономично да дојдат до своите одредишта, што ќе помогне и на стопанството и на економиите на нашите земји, побргу да се развиваат, изјави Стефановиќ.

Догоговорот, кој и двајцата министри го означија како нов импулс во односите и на пријателството меѓу двете држави, ќе стапи на сила на 1 август, по нов режим, по спроведувањето на потребните процедури, потпишувањето на протоколите меѓу царините на двете држави и двете министерства за внатрешни работи.

На средбата е разговарано и за отпочнување постапка за отворање нов граничен премин Лојане –Миратовце, за подобра комуникација на локалното населеление, како и за заедничката борба против корупцијата и криминалот, за размена на информации со фокусот на борбата против наркотици и за заедничката заштита на границата против илегалните миграции.