Кинески лубеници за гинис – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/19 3:05 PM

Кинески лубеници за гинис

Фото: Архива, AP/Jullian Carroll

Кина, која е најголем произведувач на лубеници во светски рамки, успеа да се впише и во Гинисовата книга на рекорди. Оваа азиска земја е првак во светот во производство на лубеници со род од дури 79 244 271 тон годишно. На второто место е Турција со производство на 3 928 892 тони, а на третото Иран со годишно производство на лубеница од 33 813 850 тони.

Четврото место му припаѓа на Бразил со 2 090 432 тони, а зад него е Узбекистан со 1 976 373 тони.

Кинезите може да се пофалат бидејќи во нивната земја ги има најпродуктивните садници на овој вид овошје.