Избор на „Гардијан“: Охридското едно од 20. најубави езера во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/19 12:40 PM

Избор на „Гардијан“: Охридското едно од 20. најубави езера во Европа

Читателите на угледниот британски „Гардијан“ ги избраа дваесетте најубави европски езера што мора да се посетат и видат.

Секако, не е изненадување што и во овој избор на списокот најубави е македонското Охридско Езеро. Освен него, читателите на „Гардијан“ меѓу дваесетте најубави европски езера изгласале уште три балкански – Перуќа (Хрватска), Бохињ (Словенија) и Воулиагмени (Грција).