Министерството за одбрана на Трција соопшти дека првата пратка компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигнала денеска во Турција. Пратката пристигнала во воздухопловната база Муртед, во близина на главниот град Анкара.
Набавката на С-400 предизвика сериозни проблеми на релацијата Турција – САД. Вашингтон бараше зделката да биде откажана, а замена да биде американскиот ракетен систем „Патриот“. Во спротиво, САД се заканија со одложување или прекин на продажбата на авионите „Ф-35“ за Турција, како и со санкции. Анкара, сепак, не се откажа.
Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на С-400 пред две години. Турција за тоа сериозно беше критикувана и од НАТО.