Шампионот во Серија А, Јувентус, е на прагот да го објави трансферот на Де Лихт од екипата на Ајакс.
Оваа сага трае долг период и на сите им е преку глава, а денеска Газета дело спорт изнесе информација од која сигурно навивачите ќе бидат задоволни.
Објавата за трансфер треба да дојде во следните 48 часа, сметајки го и денешниов ден, бидејки се веќе било договорено, а се преговарало за бонусите кои Ајакс треба да ги добие доколку Де Лихт оствари некои одредени квоти идната сезона.
Но клучната работа која го убедила Де Лихт да се пресели во Јувентус е тоа што клубот му ветил дека со самиот договор, ќе стават и откупна клаузула од 150 милиони евра, доколку некој сака да го однесе надвор од Торино.
Неговиот трансфер ќе биде вреден 70 милиони евра.
Извор: sportclub.mk