Надал имаше што да му порача на Реал Мадрид за Пол Погба – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/19 2:53 PM

Надал имаше што да му порача на Реал Мадрид за Пол Погба

Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон, а од таму, за медиумите ја прокоментира ситуацијата околу Реал Мадрид и Пол Погба.

Веќе извесен периосе се шпекулира дека Погба ќе биде иден трансфер на кралевите, но се уште нема ништо конкретно.

За Погба навивачите на Реал Мадрид сметаат дека не им е потребен, бидејки сметаат дека веќе го имаат потребниот квалитет идната сезона да ја освојат Примера.

„Погба е секако одличен фудбалер, но некогаш парите знаат да бидат нешто лудо. Не сакам нешто за кое подоцна ќе се зборува дека е запрепастувачка сума на пари“, смета Надал.

Шпанецот со ова буквално и меѓу редови го предупредува неговиот омилен клуб, да внимава како ги троши милионите, затоа што Манчестер Јунајтед за Погба бара 150 милиони евра.

Извор:  sportclub.mk