Како да препознаете разумен човек? – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/19 2:26 PM

Како да препознаете разумен човек?

Разум против безумие. Се поставува прашањето – што е подобро?

Кога човек ќе го погледне ова прашање поставено во поднасловот, веројатно ќе се запраша дали оној кој го поставил го изгубил разумот.

Бидејќи, какво е тоа прашање, дали е подобро да се биде разумен или неразумен? Па, најверојатно првото. Или, можеби не?

Зависи кого прашувате.

“Разумен човек се прилагодува на светот, неразумен човек упорно се обидува да го адаптира светот кон себе и така целокупниот напредок зависи од неразумниот човек”.

Авторот на оваа мисла е Џорџ Бернард Шо (1856 – 1950), ирски драмски писател и еден од најголемите интелектуалци од неговото време.

Сега знаете како можете да ги препознаете разумните луѓе, кога и ако ги сретнете. Исто така, знаете како да ги препознаете неразумните и да не им замерите на нивната неразумност. Можеби во нив лежи напредок и клуч за некое подобро утро…

Извор: denar.mk