Koj вели дека никој не го сака Бејл – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 3:00 PM

Koj вели дека никој не го сака Бејл

Реал Мадрид очајно се обидува да го продаде Герет Бејл, но неговата висока откупна цена е проблем. Поточно нема клубо кој би ја платил оштетата.

Сепак последните информации говора дека има и таков клуб што го посакува Велшанецот. Имено тој добил понуда од кинески клуб вредна 1,2 милион фунти на неделно ниво.

Бројни медиуми известија дека офанзивецот добил понуда од соништата на финансиски план од клуб во кинеската Суперлига, меѓутоа името на клубот не беше обелоденето, сепак, Велшанецот не ни помислува да се пресели на Далечниот Исток, а тоа донесе нови главоболки во таборот на Кралевите, особено кај Зидан.

Како што извесува „Марка“, во случај тој да го напушти Реал Мадрид, тоа би го сторил доколку се работи за друг гигант од некој од големите европски лиги.

Во меѓувреме, Бејл ја доби првата битка со Реал Мадрид за да остане во клубот откако се најде во авионот за Канада за претсезонските подготовки на клубот, тој знае дека времето е на негова страна, трансфер периодот за Премиерлигашите завршува на 8. август, а тоа е доволен период за работите да се променат.

Извор: sportclub.mk