Kонечно Територијалната против пожарна единица Тетово доби нова опрема и алати – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 2:28 PM

Kонечно Територијалната против пожарна единица Тетово доби нова опрема и алати

Конечно Територијалната против пожарна единица Тетово доби нова опрема и алати од Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе им служи за поефикасно интервенирање во тешки сообраќајки, но и во други случаи.

Досега екипата на тетовската противпожарна единица во интервенцијата на сообраќајки користеше  дониран стар алат и опрема.

Со опремата која ја доби од Дирекцијата за заштита и спасување многу поефикасно ќе се интервенира посебно во овие летни месеци кои се  најкритични во сообраќајот, бидејќи тогаш се случуваат најголем број несреќи со тешки последици. Тогаш настануваат сообраќајните гужви на улиците во Тетово и патиштата во тетовско, особено поради доаѓањето на печалбарите во родните места.

Ако ја имаа оваа опрема пожарникарите можеби поефикасно би интервенирале и во сообраќајната несреќа во која се преврте автобус во Ласкарци, и загинаа повеќе лица од Гостивар и гостиварско

Во новата хидраулична опрема на тетовските пожарникари има алат и опрема за сечење одвојување на материјали подигнување возила и товар.

Зоран Димовски